МАКЕДОНИЈА

УСЈЕ: Работиме согласно највисоките стандарди и нашата работа нема никаква корелација со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје

Цемантарница УСЈЕ е отворена компанија и, како и досега, и денес ги отворивме вратите и ги поканивме граѓаните кои дојдоа да протестираат да нѐ посетат, да ги постават сите прашања и да се уверат на самото место дека работиме по највисоките стандарди. За жал, оваа покана беше одбиена од нивна страна, се вели во реакцијата на денешниот протест.

„Потенцираме дека УСЈЕ работи согласно највисоките стандарди и нашата работа нема никаква корелација со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје. Овие наши тврдења можат да се проверат во кое било време, а сите податоци се јавно достапни.

Оттука, потенцираме дека протестите пред УСЈЕ се на погрешна локација и посочуваме дека паушалните обвинувања и тврдења кои се изнесуваат во јавноста од страна на дел од граѓанските и невладини организации се неодговорни и ја доведуваат во заблуда јавноста, а нималку не придонесуваат за подобрување на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје. Ваквите неосновани тврдења создаваат целосно погрешна слика за нашата компанија, а истворемено создаваат и негативна слика за граѓанскиот сектор.

Убедени сме дека постои желба за искрена намери за подобрување на состојбите во животната средина, ние ги поддржуваме сите такви заложби и самоиницијативно преземаме низа активности во таа насока. За да се подобрат состојбите во животната средина мора сите заложби да се засноваат на факти, а не на перцепција и целосно неосновани тврдења.

УСЈЕ и понатаму ќе продолжи да работи согласно највисоките стандарди што важат во земјава и во Европската унија и во иднина ќе ги поддржи сите искрени намери“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Според Железници транспорт прекинот на железничкиот сообраќај е незаконски

Берта Китинска

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница

Влатко Зорба

Од утре ЈСП ќе функционира вообичаено по саботен возен ред

Филипче го поништил тендерот за респиратори, ќе предложи владата да спроведе нов

СОНК и Адеми не се договорија, преговорите продолжуваат

Maja_Serafimova

Шкријељ: Ќе продолжиме со грижата секое дете да има еднакви можности