МАКЕДОНИЈА

УСЈЕ: Резултатите од вонредната контрола докажаа дека работиме според највисоките стандарди

Цементарница УСЈЕ денеска преку соопштение посочува дека резултатите од вонредната контрола на алтернативното гориво за потребите на компанијата уште еднаш докажале дека работат според највисоките европски и домашни стандарди и дека употребуваат гориво кое е еколошки безбедно.

-Потврдата од независната лабораторија од Естонија, исто така, покажа дека сите спротивни тврдења искажани во јавноста се комплетно неосновани и шпекулативни и дека, за жал, воопшто немаат за цел да се идентификуваат вистинските и реални причинители на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје, наведуваат од компанијата.

Цементарница УСЈЕ и понатаму, се додава, ќе остане отоворена за граѓаните, граѓанските здруженија и невладиниот сектор кои се заинтересирани за аргументиран и одговорен дијалог.

-Повторно ги повикуваме сите заинтересирани да нѐ посетат и да ги добијат информацииите засновани на факти. Искрено сме убедени дека заедничка цел треба на сите да ни биде точното информирање на јавноста и реални активности за подобрување на состојбите со животната средина во нашиот град, стои во соопштението.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Мицкоски: Ако Собранието не се распушти до недела ќе има политичка криза

Берта Китинска

УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ се уште во тек

Влатко Зорба

Спасовски: Критиката кон Катица Јанева ја упатив уште во јануари за притворањето на одредени осомничени и нивно ослободување

СОС Детско село со нова кампања „СОС Суперхерои“

Влатко Зорба

ПССЕ: С.Македонија се издвојува од 2018 година од другите земји од поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите

Никола Поповски

Коронавирусот најбргу се шири во овие пет градови во Македонија

Берта Китинска