МАКЕДОНИЈА Политика

Усвоени измените и дополнувањата на законите за здравствена заштита, за данокот на личен доход и за служба во Армијата

Собранието попладнево во рамки на 123.седница ги донесе измените и дополнувањата на законите за здравствена заштита и за данокот на личен доход по скратена постапка, дополнувањето на Законот за служба во Армијата. по скратена постапка во второ читање, како и Предлогот на автентично толкување на членот 161 став (1) од Законот за здравствената заштита.

Во дискусијата за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, опозицијата обвини дека тие требало да се донесат многу порано, дека власта иако ветила не донела нов Закон за здравствена заштита, дека со овие измени не се исполнети сите услови кои ги барале специјализантите и не е почната изградбата на новиот Клинички центар.

Пратениците од владеачкото мнозинство на обвинувањата одговорија дека многу голема штета е нанесена со овој закон кој претходно е донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а дека власта сега ги консултирала сите инволвирани и оттука произлегуваат овие суштински измени.

Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека 400 лекари си заминале од јануари до октомври годинава. Тој посочи дека треба да се направи квалитетен закон за здравствена заштита и дека ќе поднесат измени со кои уште повеќе ќе се подобрат одредени состојби за лекарите. Според пратеникот Владимир Ѓорчев, пак, од октомври до крајот на месецот бројот на лекари кои си заминале од државата ќе достигне 500.

Во реплика на пратеникот Манчев, пратеничката Катерина Кузмановска од СДСМ истакна дека Владата ги сослушала Лекарската комора, синдикатите на здравствените работници, сите категории здравствени работници, вклучувајќи ги и барањата на специјализантите, на кофинансираните специјализанти, на лекарите специјалисти и како резултат на тоа произлегле суштинските измени во Законот за здравствена заштита.

– Се надевам дека со овие измени излегуваме во пресрет на специјализантите и кофинансираните специјализанти кои за жал склучуваа толку различни договори со јавните здравствени установи и го доведовте во ситуација воопшто да не се мотивирани да останат тука, затоа што потпишувањето на лихварските договори кои ги укинавме во претходните измени на Законот за здравствена заштита повторно е една од мотивациите кои ги правиме за да можат овие здравствени работници да останат тука. Овие измени овозможуваат и регулирање на специјализациите и субспецијализациите…, рече Кузмановска.

По гласањето на Предлогот на автентично толкување на членот 161 став (1) од Законот за здравствената заштита, седницата беше прекината, а нејзиното продолжение, како што беше истакнато, дополнително ќе биде закажано. Во рамки на оваа седница денеска беа изгласани 17 закони. Претходно, Собранието ја одржа 126.седница на која пратенциите се произнесоа по 14 закони.

Поврзани вести

Груби: Уставен да се изјасни за барањето на СДСМ за свикување на Собранието

Влатко Зорба

Барања за Маршот за чист воздух

Влатко Зорба

Русковска: Од одбраната на Јанева се уверивме дека се уште е во филмот „Чарлиевите ангели“

Филипче за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ: Патував со возило кое го добив од Агенцијата за разузнавање

Со полесни повреди се здобил 50-годишниот маж во сообраќајката во Велес

Жерновски: Се води сметка да се има професионален дипломатски кадар

user4