МАКЕДОНИЈА

Утринските температури денеска под нула

 Речиси во целата држава утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Крива Паланка се измерени -6 степени, во Петровец Скопје -5, а на Зајчев Рид -4 степени. Четири степени под нулата се измерени и во Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и Лазарополе, а -3 степени во Тетово, Маврово, Прилеп и Крушево. Во Гевгелија и Дебар утринава температурата се спуштила до -2 степена, а во Охрид и Виница до -1 степен. Најтопол утринава е Дојран со 2 степена над нулата и Претор со нула степени.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до  9 степени.

Поврзани вести

Шилегов: Пречистителната станица спас за скопските реки, би профункционирала најдоцна 2025-та

user4

Филипче: Утре ќе се одлучи по барањето за карантин на Куманово, тестот на починатиот затвореник од Шутка е негативен

Случај „27 април“: Обвинетите предложија 300 сведоци, Рускоска апелираше судијата да размисли кого ќе прифати

Влатко Зорба

Дика: Општо познато е дека мојата сестра беше претседател на Меѓународниот сојуз

Stefanija Kuzmanovska

„Една точка за услуги“ со модернизиран изглед

Влатко Зорба

Од понеделник без ПЦР тест во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово

Берта Китинска