МАКЕДОНИЈА

Вархеји ја претстави новата методологија – Ќе важи за преговорите со С. Македонија и Албанија

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји пред јавноста ја претстави новата методологија за проширување на Европската Унија, реверзибилниот процес кој се основа на четири принципи, кредибилност, предвидливост, динамика и силно политичко раководство.

„Целта на денешниот предлог е да се потврдат перспективите на ЕУ. Врвен приоритет е да се има стабилност, мир и просперитет. Проширувањето е клучно за проектот на Европската Унија врз основа на заслуги, за целосно членство на регионот. Ова е стратешка позиција која сме подготвени да ја направиме, но на дискусиите во октомври за жал не беше постигнат договор. Предлогот денес е предлог околу методологијата, која најдобро е да се нарече процес или процедура. Има четири принципи околу методологијата, кредибилност, предвидливост, динамика и силно политичко раководство, со кои би сакале да ги осигураме нашите, но и балканските држави“, рече Вархеји.

Тој кажа дека се надева оти на Самитот во Загреб ќе се отворат преговорите со С. Македонија и Албанија, односно ќе се даде зелено светло од страна на сите земји-членки.

„По комуникето ќе дојде ревидирана анализа на кандидатурата на Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека ќе го забрзаме процесот за да добиеме отворање на преговорите со тие две земји на Самитот во Загреб. Планот е дека би сакале да имаме експерти од земјите-членки заедно со нашите експерти кои би оделе на терен и би го гледале напредокот на земјите. Мислам дека ни недостасува оваа доверба, мора да се создаде и спремни сме да се заложиме за тоа. Суспензијата на фондовите е нешто што ќе продолжиме да го користиме, спремни сме за тоа ако затреба. Ќе бидеме пропорционални за неиспорачувањето и уназадувањето“, истакна Вархеји.

Тој посочи дека ќе има кластери, односно ќе преговорите ќе се отворат со владеењето на правото и ќе се затворат со истото прашање.

„Разгледавме како да ги подобриме шансите на овие земји членки, како да станат членки и мораме да ја подобриме испораката од овие земји, тоа беа грижите на повеќе земји-членки. Реформите мора да траат и да бидат функционални, тоа ќе креира слобода за луѓето но и  појака економија за целиот регион. Под принципот на кредибилност, нашиот напор е да настапи принципот по заслуги и само по тоа ќе продолжиме. Најдобро ќе се оствари ова ако се воспостави дијалог со регионот. Би сакале лидерите на ЕУ да имаат барем годишна дебата за напредокот на овие земји. Тие земји треба да знаат што ќе се бара од нив ако станат членки. Сакаме подобро да ги искористиме инсититуциите за кандидатурата, односно комисиите, со што ќе имаме можност за вистински дијалог за испорачаните задачи и постигнатото. Ние ги групираме прашањата за членство кои одат заедно, ќе имаме шест групи на прашања. Овие преоговори ќе бидат многу посеопфатни, а ќе овозможи да се движат побрзо ако испорачуваат побрзо. Поглавјата ќе воведат посеопфатно владеење на правото, што значи дека со тоа ќе ги отвориме и затвориме кандидатурите. Тие одблизу ќе бидат мониторирани за целиот процес. За Западниот Балкан е важно дека ако се подготвени до почнувањето на преговори, ние сме спремни од наша страна да сториме се за да ги заклучиме овие прашања во рок од една година, но одговорот треба да дојде од другата страна“, кажа еврокомесарот за проширување.

Тој посочи дека ќе има јасно дефинирани услови, што се бара и кога е постигнато. Новата методолгоија, вели Вархеји дека за Северна Македонија и Албанија ќе се употреби новата методологија, но се надева дека и Србија и Црна Гора ќе ја прифатат таа методологија.

„Кластер системот е сосем нов. Имаме крупен план за инвестиции кои ги придружуваат новите елементи. Ако Косово е подготвено да се ангажира да работи за влез во ЕУ, ние сме спремни да работиме за тоа. Челнството е понудено за целиот регион, вклучувајќи го Косово“, нагласи тој.

Поврзани вести

Дел од „8 септември“ се опремува за заболените од коронавирус, а кај кои требаат и други интервенции

Можно е воведување на нов полициски час: Листа на градови со најголем број заразени со Ковид-19

Берта Китинска

Се отвораат градинките

Никола Поповски

Тимоние: Постојат големи очекувања, но Европската Унија сама по себе не може да има улога на спасител

Никола Поповски

Данаиловски за РТС: Знаевме дека олабавувањето на рестриктивните мерки ќе доведе до пораст на бројот на новозаразени (ВИДЕО)

Влатко Зорба

За 10 дена волонтерите од Црвен крст им помогнале на 3.168 лица во универзитетските клиники

user3