МАКЕДОНИЈА

Верхофстад: Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Ги Верхофстад на Твитер напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во Северна Македонија и Словенија.

„Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане” напиша Верхофстад.

Овој став на европратеникот доаѓа по текстот на порталот Нецензурирано, дека медиуми во Словенија и Северна Македонија се финансираат од пари на компании кои се блиски до партијата Фидез на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Денеска и словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата.

Поврзани вести

Општина Гази Баба ги обвинува советниците од ВМРО-ДПМНЕ за блокада на проекти

Maja_Serafimova

Костадинов: Трите пакети економски мерки вредни 550 милиони евра завршуваат директно кај граѓаните и стопанството

Се отстрануваат и последните пречки за носење на Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески

Разиграни тетовски стоматолози: Малку позитива за убав ден и борба со негативните мисли (ВИДЕО)

Алијанса за Албанците: По седум години, уште нема училиште во Мала Речица

Два дена пред навршување една година од сообраќајката, ново рочиште за „Ласкарци“

Stefanija Kuzmanovska