МАКЕДОНИЈА

Весели: Рамковниот договор не е завршена работа, тој може да се надополнува

Поранешниот пратеник и еден од учесниците во креирањето на Охридскиот рамковен договор, Абдулади Весели за емисијата „Само вистина“ изјави дека со Договорот е придонесено да се создаде едно општество каде сите ќе бидат рамноправни во сите сфери на животот.

„Барем таја се заложуваше Рамковниот договор, иако во почетокот не бевме задоволно како учесници во креирањето. Меѓутоа, понатаму се создадоа услови за сите граѓани на Република Македонија да се чувствуваат дека се исти. Една група критичари не го прифаќаше тоа дека оваа држава е земја на сите граѓани“, смета Весели.

Тој додаде дека поголемиот дел од Рамковниот договор е реализиран, но дека тој не е завршена работа.

„Тој е рамковен и тоа значи дека рамката секогаш може да се надополнува. Тоа нема да биде во корист на едниот и како пораз за другиот, туку целта е граѓаните во оваа држава да бидат лојални на оваа земја“, вели Весели.

Поврзани вести

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе достават предлози и забелешки на законот за ЈО

Николовски: Создаваме судство каде нема да може никој да врти телефони и да нарачува пресуди

Viktor Jovanov

Лукаревска: Уцените, заканите, заплашувањата се минато и секоја реформа во УЈП е доказ дека градиме партнерски однос со даночните обврзници

Влатко Зорба

АВМУ донираше еден милион денари за заштитна опрема за полициските службеници

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината

Ивана Рамаданова