МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Ако има согласност од 80 пратеници, Законот за ЈО утре на собраниска комисија

Неизвесно е дали во среда, на 60 дена пред да се одржат предвремените парламентарни избори ќе се распушти Собранието. Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев вели дека ако утре се стави на Комисијата за европски прашања, ќе има три дена дебата и ќе се гласа за Законот за Јавно обвинителство. Не ја исклучува ниту можноста Законодавниот дом да не се распушти ако некој се обиде да направи „филибастеринг“ или блокирање на одредени законски решенија.

„Но секако на 12 февруари се распишуваат изборите и верувам претседателот Талат Џафери ќе го направи тоа, за да нема дилеми дека изборите се на 12 април. Сепак, верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот на Влада. Денеска сите ќе ја видат конечната верзија на Законот, со вградени предлози на сите пратенички групи и согласно тоа тие ќе се изјаснат, имаме предвидени три дена за дебата и верувам дека пратеникот Артан Груби како претседател на надлежната комисија уште утре ќе ја свика дебатата“, рече Заев.

Од друга страна пак, иако е дециден дека пратениците од неговата партија нема да гласаат за Законот за Јавно обвинителство, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека очекува Парламентот да биде распуштен во среда.

„Во среда очекувам да биде распуштено македонското Собрание. Како што се договоривме на оној состанок кај претседателот на државата, господинот Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното“, рече Мицкоски.

Законското решение, за кое Заев најави дека денеска ќе го добијат сите парламентарни групи ќе биде одлучувачко дали Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе даде зелено светло, со што би се дошло до дво-третинското мнозинство.

Заев претходно рече дека очекува нивна поддршка, бидејќи се работи за Закон кој Европската Унија очекува да биде донесен, водејќи се од тоа што независната осумка дала свој глас за измените на Уставот во име на европската перспектива на земјата.

А.Т.

Поврзани вести

МВР: Приведени 45 лица, не го почитувале полицискиот час

Почина возачот на комбито кое го блокираше регионалниот пат Делчево – М.Каменица

Александар Петровски

Од задутре започнува исплатата на ноемвриските пензии

Никола Поповски

Ахмети и Бајрами ќе сведочат во „Монструм“

Берта Китинска

ПОЗИТИВА НА ДЕНОТ: „Седи дома, да не фатиш корона“

Спасовски: Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта