МАКЕДОНИЈА

Вкупно хоспитализирани 78 пациенти, на кислородна поддршка се 43

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и пет мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани вести

Следете ја зелената патека, почнува „Skopje Light Art District“

Никола Поповски

Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ и тука никој не треба да има дилема

Maja_Serafimova

Измени на сообраќајниот режим во Скопје поради Авицена женска трка

Влатко Зорба

Стотина земјоделци од Карбинци денеска ги добија своите картички за зелена нафта

Влатко Зорба

Кампања за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови

Александар Петровски

Набавени девет повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња во Општина Центар