МАКЕДОНИЈА Политика

Влада: Поништени решенија за распоредување и наредби во МВР потпишани од Чулев

Владата денеска донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи и тоа решението од 14.02.2020 година со кое Ивана Китановска се распоредува на работно место соработник систем специјалист во Одделение за заеднички работи во РЦ за ГР Исток во БЈБ, потоа решението од 14.02.2020 година со кое Виолета Веселиновска се распоредува на работно место виш инспектор за гранични проверки во РЦ за ГР Исток во БЈБ и решението од 06.02.2020 година со кое Aлександар Матовски се распоредува на работно место полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Tетово во БЈБ.

Со одлука на Владата денеска се поништени и наредбата од 17.02.2020 година со која Вице Столески се задолжува да извршува работи и задачи од работното место Началник на Одделение за информациска безбедност, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавност и стратешки прашања, во Организациони единици за потребите на Министерството, како и наредбата од 17.02.2020 година со која Зоран Јанаќијев се задолжува да извршува работи и задачи од работно место Командант на Единица за брзо распоредување во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ

Поврзани вести

Шилегов: Ќе побарам разрешување на директорката на Централен оти не сака да ја смени сопственоста на Дрисла (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Дерала: Разобличен протестот на лажните земјоделци

Влатко Зорба

САД разочарани од неотпочнувањето преговори на ЕУ со Северна Македонија

Влатко Зорба

Рамадани: Мислам дека опозициските партии од албанскиот блок треба да коалицираат

Александар Тодески

Богоев: Порано се зголемуваше возниот парк со Audi Q7, денеска инвестираме во механизација за почист Карпош

Влатко Зорба

Од Дебар заминаа 106 од затекнатите граѓани од други градови од државава