МАКЕДОНИЈА

Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

Парите ќе бидат распоредени за вработените во ковид-центрите во Скопје и во болниците во внатрешноста на државата.

Со ребалансот на Буџетот, Владата издвои 54 милиони денари (речиси 880 000 евра) награда за здравствените работници кои се вклучени во третманот на пациенти заболени со ковид-19, потенцира Министерството за здравство.

„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи“,  велат од МЗ.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови.

Поврзани вести

Седум новозаразени во Психијатриската болница во Демир Хисар

Филипче: Горд сум на семејството Диневи, тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства

Филипче: Клиниката за пластична хирургија е целосно реновирана

Следните три дена неколку скопски места без струја

Влатко Зорба

Променливо облачно време со дожд и температура до 16 степени

Со џип прегазен дедо во скопско

Никола Поповски