МАКЕДОНИЈА Политика

Владата на СДСМ гради позитивна бизнис клима

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата предводена од СДСМ за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството.

Процесот на реализација на директните странски инвестиции во земјата се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка.

Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица.

Ова е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски вложувања и наскоро се очекува реализација на уште неколку големи инвестиции.

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија, стимулирање нови инвестиции и на домашните и на странските компании за да се отворат нови подобро платени работни места за нашите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Пендаровски: Мора да бидеме одговорни, да се оди на кафе после мерките е крајно несериозно

Андреевски: Близу 1 милион евра профитирале хидроцентралите на Мицкоски од државата (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Новинарот Златев на распит во МВР за случајот со Курто Дудуш

Христина Николовска

Забрчанец: Ние го чистиме воздухот кој 10 и кусур години го загадуваа

Христина Николовска

Денеска облачно време, викендов сончево и топло време

Шекеринска: Со овој закон се утврдени сите наши внатрешни механизми за практикување на членството во НАТО

Берта Китинска