МАКЕДОНИЈА

Владата посредува за да се најде решение со пожарникарите

На седницата на Влада во септември е прифатен акцискиот план за воспоставување на принципот за воспоставување на национална децентрализација во против пожарната заштита со воведување на блок-дотација за секоја општина

– Проблемот со пожарникарите се провлекува повеќе од 15 години и беше игнорирано, а на иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава, а тоа е зголемувањето на средствата кои од буџетот на Одбрана беа префрлени на општините во 2020, вкупно 51 милион денари повеќе од минатата година – рече портпаролот на Влада, Душко Арсовски.

Тој додаде дека Град Скопје овие денови има интензивен контакт со пожарникарите, како и дека е тука Владата на некој начин да посредува и да се изнајде што поскоро решение за овој проблем.

Пожарникарите најавија дека секојдневно ќе  протестираат и дека нема да се откажат од своите барања град Скопје да им го исплаќа надоместокот за опасност при работа, наместо правда да бараат на суд.

Поврзани вести

ОЈО предложи притвор за осомничен за убиство при вршење семејно насилство

Царовска: Испорачавме 70 проценти од програмата што ја ветивме

Тортевски: СДСМ е среќен што го има Чулев во Влада, па за секој неуспех можат да се вадат на него

Берта Китинска

Дино Мерлин на плоштадот „Македонија“ за Нова Година

Влатко Зорба

Богдановиќ: Уставниот суд пресуди дека општина Центар нема право да поништува детални урбанистички планови

Никола Поповски

По средба со Зекири и потпретседателката на Владата, Мила Царовска во самоизолација

Берта Китинска