МАКЕДОНИЈА

Владината седница за Законот за Јавно обвинителство ќе се одржи вечерва во 22 часот

Ноќна владина седница за Законот за Јавно обвинителство е закажана пред околу еден час, а на која треба да се разгледа предлогот на министерката за правда, Рената Дескоска.

Откако ќе помине на владина седница, законот ќе биде испратен во собраниска процедура.

Премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, претходно во повеќе наварти најавија дека законот ќе оди на Влада и потоа на усвојување во Собранието штом биде услогласен и се обезбеди потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување.

Власта очекува законот да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на актуелниот пратенички сотав и распишување на предвремените парламентрани избори на 12 април.

Поврзани вести

Џафери: Законските измени обезбедуваат финансиска независност и самостојност на собраниската администрација

Идната недела продолжуваат преговорите за законот за Јавно обвинителство

Viktor Jovanov

„Рекет“ уште чека оценување на Обвинителниот акт

Влатко Зорба

Облачно време со температура до 24 степени

Неделков ги повика ректорите да прекинат со постапката за создавање нови синдикати

Stefanija Kuzmanovska

АВМУ разгледува сет мерки за олеснување на работата на радиодифузерите