МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ донесе тегли со воздух од Водно пред Влада

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше протести во пет градови поради големото загадување на воздухот. Протестот во Скопје, како што посочија од партијата, бил со намален број присутни поради големите бројки на заразени со Ковид-19.

Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека партијата вечерва оставила тегли со чист воздух од врвот на Водно пред Влада, бидејќи воздухот што го дишеме е сè, само не е чист.

„Зоран Заев пред 4 години вети дека откако ќе дојде на власт веднаш ќе го подобри квалитетот на воздухот и ќе го намали загадувањето. Зоран Заев ветуваше дека државата ќе инвестира во подобрување на квалитетот на животната средина и атмосферскиот воздух. 4 години потоа Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка во насока на намалување на загадувањето. Македонија секоја зима се гуши. Скопјани дишат отров наместо воздух. И ниту Заев, ниту Шилегов како градоначалник на Скопје не направија ништо  конкретно за намалување на загадувањето. Зоран Заев, човекот што на цел глас викаше, верувам се сеќаватеАјро, Ајро, Ајро“ сега седи во премиерската фотелја во зградата зад нас, дели тендери на потесното семејство и воопшто не му е грижа за граѓаните кои се гушат во смог“, рече Жуѓиќ.

Мерните станици за загаденост, рече таа, не само Скопје туку во Битола, Тетово, Кичево и други градови, покажуваат и 5-6 пати зголемено количество на ПМ-10 честички.

„Загадениот воздух убива кога власта е неспособна. Зоран Заев пред 4 години вети дека откако ќе дојде на власт веднаш ќе го подобри квалитетот на воздухот и ќе го намали загадувањето. Зоран Заев ветуваше дека државата ќе инвестира во подобрување на квалитетот на животната средина и атмосферскиот воздух. 4 години потоа Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка во насока на намалување на загадувањето. Македонија секоја зима се гуши. Скопјани дишат отров наместо воздух. И ниту Заев, ниту Шилегов како градоначалник на Скопје не направија ништо конкретно за намалување на загадувањето“, напиша лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани вести

На дневен ред на седница на Владата информација за откуп на грозјето и за исплата на пензии

Александар Петровски

Захариева: Бугарија ѝ кажа „не“ на Македонија за преговори со ЕУ

Никола Поповски

Османи: Не сме разговарале во партијата за предлогот за ротирачки премиер

Велес: Застрелан полицаец со 5 куршуми, напаѓачот избегал

Ивана Рамаданова

Бојкот на наставата на дел од струшките средношколци и основци

Берта Китинска

Спасовски: И вториот тест е негативен, уште денеска останувам во самоизолација