МАКЕДОНИЈА Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Кога имаме црн биланс со 52 нови заразени, СДСМ излегува со манипулации за платите на здравствените работници

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека СДСМ се тотално одлепени од реалноста.

„Во ден кога во Македонија е забележан црн биланс со 52 нови заразени граѓани, СДСМ излегуваат со нови манипулации за платите на лекарите и здравствените работници и ги обвинува граѓаните за ширењето на заразата“, се вели во соопштението.

Споредн нив, реалноста е дека заради СДСМ и политичките амбиции на Заев имаме фијаско во борбата со коронавирусот, а секој загубен живот оди на совеста на Заев.

„Во едни вакви услови Зоран Заев турка избори што значи директно туркање кон изборна кланица. Ситуацијата е излезена од контрола“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и дополнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ, а народот ќе го казни СДСМ и Зоран Заев заради трите години хибриден режим, неработење, неодговорност, криминали и корупција.

Поврзани вести

Коп: Прашањето за С. Македонија во ЕУ ќе биде на агендата на Советот следната недела

Влатко Зорба

За време на карантинот текстилните и кожарските фабрики во Штип не смеат да работат

Ковид 19 се шири и понатаму: Скопје и Куманово со најголем број активни случаи

Црвенковски меѓу учесниците на 27. Копаоник бизнис-форум

Влатко Зорба

Финскиот МНР Пека Хависто на билатерална средба со Димитров во Скопје

user4

Дезинфицирани улиците на Карпош за време на полицискиот час

Влатко Зорба