МАКЕДОНИЈА Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Мерката која Заев ја предлага е насочена кон винариите, а не кон лозарите

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Заев ги манипулираат лозарите.

Милиони килограми грозје ќе останат неоткупени. Мерката која Заев ја ветува е само празна флоскула, затоа што ќе се исплаќа по килограм предадено грозје, а откупот е слаб. Милиони килограми ќе останат не откупени да скапуваат на нивите. И тоа е штета која никој нема да ја обештети. Мерката која Заев ја предлага е насочена кон винариите, а не кон лозарите. Нема за лозарите, но затоа има за довчерашниот советник во влада Свето Јаневски, газда на Тиквеш, кој зема пари за мерки од владата додека бил советник“, се вели во партиското соопштение.

За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не се ангажираше во барање на нови пазари и пласман.

„Ветуваа отворање на мали семејни винарии, нови инвестиции и барање на засилен пласман. Сега ништо од тоа нема. 4 години се на власт, а земјоделците ги живеат своите најтешки времиња. Лагите на Заев во стилот ќе биде подобро не поминуваат. Народот живее мачно. На ова мора да се стави крај, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на протест. Со почеток од 18 часот, појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот“, велат од опозициската партија.

Поврзани вести

Денеска се регистрирани 707 оздравени пациенти од ковид

Берта Китинска

Свеченостите за одбележување на 11 Октомври ќе се одржат во Прилеп, Куманово и Скопје

user3

Герила акција во Битола: „Oстајте да помини фичото, не се туркајте, држете растојание“

Берта Китинска

Ковид 19: Позитивни 1.300 лица во Македонија, поголем е бројот на жени заболени

Берта Китинска

Во центарот на Скопје во недела изменет сообраќаен режим

Влатко Зорба

Албански активисти: Ќе одиме до крај за еднаквост и слобода

Влатко Зорба