МАКЕДОНИЈА Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Погрешните политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени

Министерот Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција на интервјуто на министерот Филипче на интеврјуто во Сител.

-Пред стартот на работа на градинките проблеми, по почетокот на работата секојдневно броиме заразени деца и персонал од градинките. Учебната година ги изненади, па ја одложија за први октомври и пак проблеми. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол, се вели во реакцијата.

Според партијата, погрешните и лоши политики на Филипче ја направиле Македонија црна дупка во регионот, Европа и пошироко.

-Погрешните и лоши политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени, како и на врвот на починати лица. Сега по шест месеци почнал да прави анализи, ама за својата неспособност вината ја префрла на граѓаните. Филипче додека се занимава со парцели, куќи и згради, а и криминални тендери, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот, се вели во реакцијата.

Поврзани вести

МВР санкционира 339 возачи во Скопје

Никола Поповски

Кој е Насер Зибери: Од нотар и новинар до кандидат за прв Албанец премиер на Македонија

Никола Поповски

Маричиќ: Вчерашниот самит беше чекор напред за нас

Заев: Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици

Муцунски: Првиот напор на следната влада треба да биде во насока на преземање конкретна и реална здравствена политика

Владата ќе го промовира проектот за фотоволтаични системи

Ивана Рамаданова