МАКЕДОНИЈА Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со своето гостување докажа дека е срам за Македонија

„Гостувањето на Зоран Заев е срам за Република Македонија. Срамота е премиер да не одговори на граѓаните за состојбата на државата. Срамота е премиер да не знае да одговори како ќе се соочува Македонија со Ковид-19“, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на премиерот Зоран Заев на Канал 5.

„Владата на Зоран Заев е пиши – бриши проекти. Единствено Зоран Заев што направи е продавање на се што е македонско. Заев не одговори дали Гоце Делчев ќе остане Македонец. Заев не одговори кога ќе се расчистат аферите „Дака“, „Рекет 2“, „Шпанско село“ итн. Заев не одговори дали ќе одговара за се што се има огрешено. Заев не одговори дали ќе престане со политичкиот прогон кој го врши врз неистомислениците.Заев не одговори зошто Македонија според извештаи е хибриден режим. Заев не одговори дали ќе го реши проблемот на лозарите. Заев не одговори кога ќе ги врати украдените пари од граѓаните. Заев не одговори зошто секој ден се затвораат фирми“, се вели во реакцијата.

Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ, не одговори зошто се покачи струјата на 7.4 отсто и зошто има над 40.000 граѓани невработени.

„Заев не одговори зошто Македонија има пад на БДП на -12.7%. Заев не одговори зошто над 500.000 граѓани живеат со 50-тина денари дневно и се на раб на егзистенција. Заев не одговори зошто Македонија има најмногу починати од ковид-19. Заев не одговори до кај се капиталните инвестиции, зошто Македонија е слепо црево во Европа според инфраструктурата. Владата на Заев единствено е сервис за своите интереси. Оваа влада не работи за граѓаните и нивното добро. Владата на Заев единствено нуди криминал, корупција, сиромаштија и лаги“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија

Поврзани вести

Инспекторите со полни раце работа – за една недела над 2.100 контроли

Димитров: Од заробена држава, станавме светол пример во регионот

user3

Четири нови случаи од Кавадарци, најмладиот позитивен пациент има 16 години

Реизборот на Талат Џафери за спикер ќе почне денес на пладне

Никола Поповски

Петровска: Кривични пријави за случајот во винаријата Чардак на „Боемска“

Stefanija Kuzmanovska

Доктор Мојсоски: До 15 јули ние нема да имаме повеќе ковид-19, втор бран нема да има

Александар Петровски