МАКЕДОНИЈА Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Заев уште еднаш се обиде да ја изманипулира македонската јавност и граѓаните со празни и нереални ветувања

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на денешната пресконференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тие со соопштение изјавија дека Заев денес се обидел уште еднаш да ја изманипулира македонската јавност и граѓаните со празни и нереални ветувања без никаква одговорност.

„Тој денес вети минимална плата од 18.000 денари, просечна плата од 36.000 денари, 100.000 нови работни места, стапка на невработеност од 8%, но во ниту еден момент не кажа како овие ветувања планира да ги оствари“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не нуди концепција за одржлив модел на економски раст, туку голи популистички флоскули. и според нив, Заев нема кредибилитет да зборува за ветувања поради тоа што ништо од тоа што го вети во минатото не го оствари.

„Ветуваше стапки на раст од 5%, за да денес реалноста е стапка на економски раст помал од 2,5%, што е повеќе од 600 милиони евра помала додадена вредност во економија во изминатите две и пол години. Пари кои можеа вистински да го подобрат животниот стандард на македоснките граѓани.

Ветуваше капитални проекти за да денес сме сведоци дека има најниска стапка на реализација на капитални инвестиции и целосно нарушување на буџетската структура за непродуктивни трошења што се посочува и во последниот извештај на ММФ.

Ветуваше стабилизирање на јавниот долг за да денес сме сведоци на расипничко трошење на државни пари што предизивика пораст на нето-јавниот долг во овие две и пол години за повеќе од 900 милиони евра“, продолжуваат од СДСМ.

Според нив, денешните изнесени ветувања на Заев, ќе останат само пусти зборови на човекот кој е веќе историја во македонската политика.

„На 12-ти април завршуваат катастрофалните денови за економијата.Уназадувањето повеќе не смее да продолжи. 12-ти април е крај за економскиот колапс. Време е за обнова“, се вели во соопштението на опозициската партија.

Поврзани вести

Костовски: И те како ни треба Европа, а со нејзе ќе дојдат и многу бенефити за нашиот развој

Влатко Зорба

Честитка од Николовски за Божиќ: Убавината и топлината на божиќната порака нека ги исполни срцата на сите

Никола Поповски

Фетаи: Во изборот на шеф и обвинители за организиран криминал да биде вклучена канцеларијата на ЕУ во земјава

Трипуновски го претстави неговиот тим советници: Од денеска почнува подготовка за обнова на Македонија

Влатко Зорба

ССК: Мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Stefanija Kuzmanovska

Собранието ќе расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2020 година

Ивана Рамаданова