МАКЕДОНИЈА

Во Дебар заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19

Во Дебар заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19.

– Поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19 за гласање беа пријавени 15 лица и сите го искористија своето право на глас. Ова право во текот на утрешниот ден треба да го остварат 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.

Во општина Дебар в среда ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.

Во соседната општина, Центар Жупа, немаше пријавени лица за денешното гласање.

– Кај нас немаше пријава за денешното гласање, додека правото на глас утре треба да остварат четири болни и немоќни лица, колку што и се пријавија, потврди за МИА, претседателот на ОИК за Центар Жупа, Еран Зубер.

Во оваа општина в среда ќе се гласа на 16 избирачки места а во единствениот избирачки список запишани се 7.061 граѓанин.

Поврзани вести

Одбележување на Денот на албанската азбука

Влатко Зорба

Вкупно 471: Во изминатите 24 часа починаа уште 5 лица од Ковид-19 во Македонија

Спасовски-Холштајн: Старт на преговорите за време на германското претседавање со ЕУ

Со испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски почна рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“

Загадувањето на воздухот во Скопје повторно е високо

Берта Китинска

Угостителите се подготвуваат да почнат со работа: Ќе тераме дневна кафе-шема со социјална дистанца (ГАЛЕРИЈА)