МАКЕДОНИЈА

Во Грција сепак ќе се тестираат патниците, но не сите

Македонските туристи кои планираат да ја посетат Грција ова лето нема да бидат обврзани да тестираат за Ковид 19 пред патувањето, но може да се случи да бидат случајно тестирани на аеродромот или при преминување на границата. Ова ќе зависи исклучиво од проценката на грчката полиција на границата.

Ова го изјави грчкиот министер за туризам, Харис Теокарис, за билтенот на грчките амбасади, пренесоа локалните медиуми.
Теокарис рече дека годинава се очекува да пристигнат туристи од Германија, Бугарија и други балкански земји. Тој рече дека туристите кои пристигнуваат во Грција по пристигнувањето нема да бидат обврзани да се тестираат на коронавирус, но ќе се спроведе случајно тестирање.

Повеќето хотели, заедно со камповите, ќе бидат отворени од 1 јуни.

„Летната сезона за хотелите започнува на 15 јуни“, рече грчкиот министер за туризам во средата за време на брифингот за третата фаза на владините мерки поврзани со коронавирусот.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со министрите за финансии, Теокарис рече дека ограничувањата за патувања со јахти или нивното изнајмување ќе бидат укинати на 25 мај. Ограничувањата за влезните летови исто така ќе бидат укинати. Како што истакна, од 15 јуни, меѓународниот аеродром во Атина „Венизелос“ ќе прифати летови од земји кои имаат „добри епидемиолошки критериуми“.

Од 1 јули ќе биде дозволено слетување на кој било меѓународен аеродром во Грција. Во моментов, слетувањето од странство е дозволено само на „Венизелос“, каде сите посетители се тестираат на корона.

Грчкото Министерство за здравство објави 20 земји од кои се очекува туристите да доаѓаат во Грција, а меѓу нив е и Македонија!

Грчките власти се подготвени за туристичката сезона, бидејќи летовите од странство ќе бидат пуштени од 15 јуни до аеродромот „Елефтериос Венизелос“, а од 1 јули на сите аеродроми во земјата.

Покрај Македонија, која се наоѓа на списокот со 20 земји што ќе можат да патуваат во Грција ова лето, вклучени се и Германија, Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Полска, Албанија, Словачка и Чешка.

Добрата вест важи и за нашите соседи. Се проценува дека Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, како и Романија и Унгарија имаат слична епидемиолошка состојба, а туристи од споменатите земји се очекуваат и ова лето.

Во случај Министерството за здравство, по совет на експерти за заразни болести, да вклучи „зелено светло“, тогаш туристите од одредени земји ќе можат да дојдат без тест и нема да бидат под карантин.

Според „Скај“, објавен е необичен протокол за безбедност, кој се однесува на мониторинг на летовите со цел да се процени епидемиолошкото оптоварување и да се следат податоците за потеклото на патниците.

Така, постојат „црвени“ земји, „портокалови“ земји, „зелени“ и „жолти“, во зависност од епидемиолошките податоци (класификацијата се заснова на бројот на заразени лица и жртви). Така, во „зелените“ земји ќе има една до два инспекции, во „жолти“ од 5 до 10, во „портокалови“ земји од 20 до 30.

За да може овој план да биде успешен, (зборуваме за повеќе од 15 аеродроми во Грција), на аеродромите ќе се формираат 15 екипи, кои ќе бидат составени од голем број лекари. Тоа се воени лекари, медицински сестри, експерти од грчкиот државен здравствен институт.

Кога ќе се откријат позитивни случаи, тие ќе бидат карантинирани веднаш, како и сите луѓе со кои имале директен контакт.

Поврзани вести

Ацевски: Потребни се човечки ресурси во Државниот завод за ревизија

Viktor Jovanov

МИОА: Нотираниот прогрес на земјата во Извештајот на ЕК во делот на јавната администрација е потврда за трудот

Клековски: Партиите да беа фокусирани кон ЕУ ќе го изгласаа законот за ЈО

Viktor Jovanov

Најчевска: Во вакви ситуации треба да се слуша гласот на народот, им се наметнуваат ограничувања

„Рекет“: Боки 13 докажува дека голем дел од запленетата гардероба е купена пред 2019-та

Влатко Зорба

Пред седиштето на НАТО во Брисел се развеа знамето на С. Македонија (ФОТО)

Берта Китинска