МАКЕДОНИЈА

Во изолација две вработени и 13 деца од неготинска градинка

Две вработени и 13 деца од неготинска градинка се во изолација, откако дете добило позитивен резултат на Ковид тест. Извршена е дезинфекција во градинката. Информацијата ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Во Тиквешко има осум нови случаи позитивни на коронавирус. Три во Кавадарци, четири во Неготино, еден во Демир Капија. Сите се на возраст од три до 81 година. Едно лице од Кавадарци е хоспитализирано на клиника во Скопје, појасни Јовановски.

Тој додаде дека се работи на утврдување на контактите на новозаболените, со цел да се изолираат.

Поврзани вести

Финска ќе ја укине авиолинијата Скопје-Турку поради големиот број позитивни патници?

Никола Поповски

Коронавирусот забрзано се шири во Кочани и Струмица

Берта Китинска

Филипче: Трансплантацијата на органи е исклучително благороден чин

Ивана Рамаданова

Ангеловска демантира: Промените во имотната состојба се направени долго пред да ѝ биде прогласен стечај на Еуростандард банка

Никола Поповски

Kонечна одлука се уште немаме, продолжуваат преговорите за избор на наставен модел, вели Адеми

Берта Китинска

ДС: Бугарската блокада на Македонија е катастрофална грешка со тешки последици за Балканот

Никола Поповски