МАКЕДОНИЈА

Во Кичево три новозаразени и седум оздравени, едно лице ја загуби битката со коронавирусот

Во Кичево денеска има три нови лица заразени со Ковид-19 и седум лица кои се оздравени, а едно лице почина.

Според податоците од Министерството за здраство во Кичево, вкупниот број на заразени со Ковид-19 достигна 160, од кои 97 се активни, 55 се излекувани и осум лица се починати.

-Денеска кај нас се забележани три новозаболени лица , од кои сите три се лекуваат во домашни услови и под надзор на нивните матичени лекари. Нивната општа здраствена состојба е стабилна , се разбира сите се во изолација , седум лица за среќа успеаја да ја добијат битката со вирусот. Од друга страна денеска за жал имаме едно лице – пациентка на возраст од 41 година која ја загуби битката со вирусот, истакна Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Поврзани вести

Д-р Стефановиќ: Големиот број на заразени повлекува потреба од лекари и помошен пресонал

Берта Китинска

Евзони единствен излез за Грција

За СДСМ е прифатлив предлогот Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

ДИК гo објави конечниот распоред на мандати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА еден пратенички мандат

Никола Поповски

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешијата

Пендаровски: Огласените возила не се во сопственост на Кабинетот, фотографиите се направени без дозвола

Влатко Зорба