МАКЕДОНИЈА

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица

По тринеделна стагнација на бројот на заболени од Ковид-19 на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, денеска е регистиран нов позитивен случај на коронавирусот.

Се работи за жител на селото Жиганци, општина Чешиново-Облешево, вработен во конфекцијата во Штип во која во изминатите два дена беа регистрирани новозаболени лица.

-Во текот на денот се тестираат и други лица кои се вработени во штипската компанија, а за кои се очекуваат резултатите. Според досегашното искуство, можно е бројот на новозаболени да се покачи, информираа од кочанскиот Центар за јавно здравје.

Досега во кочанскиот регион беа евидентирани вкупно 31 заболен од Ковид-19, а пред две дена успешно заврши лекувањето на последниот пациент кој беше позитивен на вирусот. Во почетокот на април почина 40-годишен маж како последица на болеста.

Поврзани вести

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

Влатко Зорба

Мехмедовиќ: Народот не мора до детали да знае колку е ризичен овој вирус

Започна гасификација на котелот за парно греење во гинекологија Чаир

Милевски: Треба да се види под чиј диктат уставните судии претходно суделе или не суделе

Александар Тодески

ЦЈЗ Куманово: Двајца новозаболени од Ковид-19 во Куманово, четворица во Липково

Мета и Џафери заедно одблиску следеа спасувачка акција во Драч

Влатко Зорба