МАКЕДОНИЈА

Во поликлиниката Чаир во 2019 година во специјалистичките служби се извршени вкупно 30.079 прегледи

Претставници од Владата, Министерството за здравство, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска ја посетија Поликлиниката Чаир и се сретнаа со директорот на Здравствениот дом – Скопје, Бесим Кока.

Како што соопшти Здравствен дом – Скопје, во делот на секундарно-спцијалистичкото ниво на давање здравствена заштита, целта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје е доближување на здравствената услуга според местото на живеење, следење на патеката на пациентот од примарно, секундарно и терциерно ниво со цел намалување на оптовареноста на терциерното ниво. Главен приоритет во специјалистичките служби, како што се наведува, е добивање брза и континуирана високоспецијалистичка здравствена услуга.

– Во поликлиниката Чаир во 2019 година во специјалистичките служби се извршени вкупно 30.079 прегледи. Поликлиниката е опремена со современа медицинска апаратура. Во неа работат специјалисти од најразлични специјалности, направени се големи вложувања со реновирачки зафати, комплетно е реновиран и опремен пунктот за вакцинација за најмалите корисници и воведени се нови методи и процедури првпат на ниво на домот. Во тој дел е потребно континуирано управување и унапредување на квалитетот, што значи дека следењето на современата медицинска технологија и набавка на современа медицинска опрема е неопходно, се вели во соопштението од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Оттаму информираат дека првпат на ниво на домот, функционира кабинет за магнетна резонанца. Од јули 2018 година до денеска се направени 3.905 снимања на апаратот за магнетна резонанца.

– Покрај апаратот за магнетна резонанца, во службата за радиодијагностика располагаме и со дигитален мамомат. За обезбедување на повисоки стандарди и квалитет во службата за радиодијагностика е инсталиран дигитален рентген апарат за радиографија на скелет. Со инсталирањето на дигиталниот рентген апарат во поликлиниката Чаир, а во најскоро време и во поликлиниките Ѓорче Петров и Јане Сандански, ќе добиеме брза и квалитетна рентген услуга, зголемен обем на реализација на здравствени услуги, полесна соработка меѓу лекарите од примарното и секундарното ниво и радионалност во системот, стои во соопштението.

Од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје посочуваат дека набавката на дигиталните рентгген апарати е извршена со сопствени средства на установата. На овој начин, како што се наведува, со комплетно осовременување на службите, бенефитот е и за пациентите како корисници на услугите и за нас како даватели на услугите.

Поврзани вести

Преку заеднички часови до подобра меѓуетничка интеграција на младите во Град Скопје

Влатко Зорба

Бочварски: Се прави дезинфекција на автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички

Од 1 јуни: Црна Гора ги отвора границите за Македонците

Усеини: Сам ја уривам дивоизградената бетонска база, чувствував голем товар

Зголемен процентот на позитивни случаи на Ковид-19, од 6,5 сега е околу 8

Никола Поповски

Јовановиќ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никаква интегративна политика

Никола Поповски