МАКЕДОНИЈА

Во штипскиот регион гласаат 45 заразени со Ковид – 19

Во Штипскиот регион своето право на глас денес го исполнуваат 45 заразени со КОВИД – 19 и лица кои се во изолација.

Општинската изборна комисија ангажираше два здравствени избирачки одбори кои утринава ги подигнаа гласачките материјали и го реализираат гласањето под посебни протоколи.

Специјалистот Страхил Газепов, претседател на посебниот здравствен избирачки одбор вели дека и за нив е ова новина и како ќе се одвива целата постапка за целата лекарска екипа што ќе ги посети граѓаните кои се заразени со коронавирусот или се во самоизолација во нивните домови. Забележа дека имаат строго пропишани протоколи на кои задолжително веќе ги почитуваат и како здравствени работници ќе дадат се од себе успешно да биде завршено и ова гласање.

-Практично ние ќе ги посетиме домовите на лицата чии имиња се наоѓаат на списокот од ДИК. Ќе се заштитиме со маски, мантили и ракавици што ни е доставено од ДИК. Постапката е прво идентификација на лицето што гласа, потоа се става спреј и со УВ-лампа се проверува дали претходно гласал или не на некое друго место. Потоа добива ливче и во зависност од просторот ние или се свртуваме или одиме во друга просторија и го оставаме сам лично да си го даде својот глас, а потоа ливчето го става во плик што го запечатува, а пликот го става во гласачка кутија што е претходно запечатена. По напуштањето на домот на лицето заразено со КОВИД целата заштитна опрема што сме ја користеле се става во црни вреќи, вели Газепов.

Забележа дека тие на избирачкиот список имаат вкупно 23 граѓани кои треба да ги посетат, а бидејќи се пет члена во комисија одат со повеќе возила и во придружба на полициски службеници со цел да се запазат здравствените протоколи.

Газепов вели дека од ОИК побарале список колку од лицата се заразени, а колку од нив се во самоизолација.

-Во ДИК нема евиденција колку од лицата на списокот се позитивни, а колку се во изолација. Јас го барав тоа како лекар за да прво ги посетиме лицата што се во самоизолација, кои не се потврдени позитивни за да нема мешање, но таква евиденција нема и ќе одиме според списокот, вели Газепов.

Во текот на утрешниот ден гласаат болните и изнемоштени лица и во затворот во Штип. Во Штипскиот регион се пријавени 216 болни и изнемоштени лица кои ќе гласаат во своите домови, утре на 14 јули, додека гласачкото место во затворот во Штип утре ќе биде отворено во 7 часот, а затворено во 21 часот на кое што осудениците ќе можат да го остварат своето право на гласа.

Поврзани вести

Мицкоски: Разочаран сум од Комисијата за заразни болести, предводена од директорот со политички амбиции Караџовски

Четворицата новозаболени во Куманово од познати кластери

Уште нема одлука во ВМРО-ДПМНЕ дали ќе се појават на средбата за Законот за Јавно обвинителство

Владата одлучи: Задолжителен негативен ПЦР тест за влез во земјава

Никола Поповски

Рангелова: Ако ВМРО ДПМНЕ сака да победи мора да има чесен пристап кон граѓаните

Влатко Зорба

Калајџиев: Немаше потреба поради инцидентот со Јанева да се закопа Специјалното обвинителство