МАКЕДОНИЈА

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ соопшти дека за остварување во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.

Поврзани вести

Промена на температурите и врнежи од дожд

Средба на министерот Спасовски со еврокомесарот за внатрешни работи Аврамопулос

Ивана Рамаданова

Пендаровски: Трајковски ќе го паметиме по неговата клучна улога во процесот на склучувањето на Охридскиот рамковен договор

Берта Китинска

Мицотакис: Договорот од Преспа е испочитуван, разочаран сум од ветото на Франција

Ангеловска: Ќе го забрзаме растот на земјава со примена на дигиталните алатки во сите области во живеењето

Ивана Рамаданова

Мицкоски на Заев и Ахмети денеска ќе им предложи нов предлог за МВР

Никола Поповски