МАКЕДОНИЈА Хроника

Во сообраќајка во Преспа загина прилепчанка, повредено малолетно девојче

Жена од Прилеп на возраст од 62 години загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне во 18 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(65) од Прилеп и патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.В.(42) од село Грначари,ресенско.

На лице место починала жената, додека возачот на „опел астрата“ кој најверојатно е сопруг на починатата и нивната малолетна сопатничка заедно со возачот на „пасатот“ со тешки повреди се пренесени во битолската болница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани вести

Објавена листата на најмоќни пасоши во светот: Македонскиот е пред американскиот

Никола Поповски

„Инклузива“: Лицата со попреченост се спречени да гласаат на избори на еднаква основа со другите

Александар Тодески

Американска амбасада порача дека пресудата за Панчевски е позитивен чекор напред

Во петок прва програмска трибина “Иноватива” на СДСМ

Филипче: Се надевам на позитивни вести сè почесто

Влатко Зорба

Даниловски: Полицискиот час е смрт за економијата