МАКЕДОНИЈА

Во Тетово: Армијата во помош на полицијата за одржување ред пред објектите

Припадници на Армијата од денеска и во Тетово започнаа да соработуваат со полициските службеници во одржувањето ред за влез во објектите кои функционираат – банките, телекомуникациските компании и маркетите при што вообичаено се собираат повеќе луѓе. До оваа соработка дојде откако Општината побара од државните институции да помогнат во одржување ред пред објектите, а за тоа градоначалничката Теута Арифи разговараше и со претседателот Стево Пендаровски кој беше во посета на Тетово во вторникот.

-Во однос на соработка со Армија на состаноците на Кризниот штаб имаме и членови од касарната, на состанокот со претседателот Пендаровски се договоривме Армијата да биде испомош за одржување на редот во текот на забрана на движење и во ситуација кога има собирање на повеќе луѓе кога е пред банките, изјави Теута Арифи.
Од полицијата во изминатиот период нема евидентирано нарушувања на јавен ред и мир пред објектите на банките, телекомуникациските компании и маркетите. И понатаму се бележат само поединци кои го прекршуваат полицискиот час и се движат за време на термините за ограничено движење. Во изминатите 24 часа во Тетовско се евидентирани три лица кои ја прекршиле мерката по што се лишени од слобода.

Поврзани вести

Шкријељ: Го јакнеме стандардот на повозрасните, секој пензионер за една година ќе добие дополнителни околу 9.000 денари

МЗ: Оздравени се 226 здраствени работници од коронавирусот

Одбраната на Јанкуловска: Спроведувањето во „Идризово“ е надвор од законските процедури

Никола Поповски

На социјалните мрежи се шири лажна фотографија од полициска управа од времето на бугарската окупација

Влатко Зорба

Спасовски од Паланка: Ќе се бориме и нема да дозволиме враќање назад

user4

Северна Македонија празнува 29 години од независноста

Берта Китинска