МАКЕДОНИЈА

Во вторник пристигнуваат 297 граѓани од Северна Италија

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за Алфа изјави дека во вторник ќе пристигнат 297 наши сограѓани од Северна Италија.

– Ова селица со зголемен ризик и тие треба да останат три недели во изолација, за разлика од претходните кои требаа да бидат 14 дена. Комисијата за здравство се одлучи за ваков потег со оглед на регионот од кој доаѓаат овие лица, вели Чулев.

Тој сподели дека нашите граѓани се многу креативни кога ќе бидат фатени од полицијата како ги прекршуваат мерките, наметнати поради епидемијата од коронавирусот.

– Полициските сили сепак на лице место проверуваат дали граѓаните имаат навистина потреба да одат во здравствена установа или дека навистина имаат друга неопходна работа. Дали во случајот се јавил на 192 за да закажал одреден термин за одредена активност, и доколку не е така против него се поднесува соодветна пријава, додава министерот.

Поврзани вести

Ниските откупни цени главен проблем за македонските земјоделци

Александар Петровски

Димитров: Годинава беше дипломатски плодна – се  заокружува членството во НАТО, а дојдовме и пред вратата на ЕУ

Никола Поповски

Во Охрид се одржува втората сомелиерскa обукa

Stefanija Kuzmanovska

Петровска: Нашите политики носат придобивки за граѓаните и се на прав пат

Александар Тодески

Темелковски: Во секој блок во Расадник ќе има една кула и една ниска зграда

Раздвижено во Скопје Север, Чаир, Топаана…мерките не се почитуваат во цело Скопје

Влатко Зорба