МАКЕДОНИЈА

Вонредна дезинфекција на возилата на ЈСП и во кабините на жичарницата

Денеска,  ЈСП Скопје ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата.

Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата. Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.

Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Поврзани вести

Народна банка: Се овозможува ист третман и на клиентите на банките и штедилниците коишто добиле кредитна поддршка во текот на март

МЗ: Постигнат значителен напредок во дијагностицирањето на деменциите

Берта Китинска

Филипче: Д-р Арификмет Деари е првиот доктор кој почина од коронавирус

Триесет отсто од тестираните се позитивни на Ковид-19 во Тетовско за разлика од летоска кога било седум отсто

Берта Китинска

Чулев: Поништени се 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во МВР, потпишани од моја страна

Нестабилно време со повремен пороен дожд и ветер