МАКЕДОНИЈА

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден, граѓаните реагираат на социјалните мрежи

Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, 2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 се препорачува: да се користи јавен превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

Поврзани вести

Рочиштето за Ел Чека одложено, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

user3

Стотици граѓани излегоа на протест против загадувањето

Maja_Serafimova

Неделава ќе биде предложен главен државен ревизор

user3

Милевски: Нашата визија е децентрализиран и одржлив систем на локалната самоуправа

user3

Од 15 јуни: Нашата земја е на списокот од 29 земји на кои ќе им биде дозволено патување во Грција

Собранието продолжува со расправата за Предлог буџетот за 2020

Ивана Рамаданова