МАКЕДОНИЈА

Времето викендов: Сончево претпладне, дожд и грмежи попладне

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во посеверните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи со засилување на претежно западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Утре нестабилноста ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата. Од понеделник следува сончево време со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.

Поврзани вести

Казнети 502 лица за неносење маска

Александар Петровски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се скара со сите соседи, одлуката на Рама е шамар за него и Спасовски

Бојкот на наставата на дел од струшките средношколци и основци

Берта Китинска

Канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ го започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“

Берта Китинска

Исмаили: Се залагаме за фер односи со соседите

Александар Тодески

Галетановски после исказот во полиција: Коментарот на Фејсбук беше шега