МАКЕДОНИЈА

Втор ден по ред поплаки поради онлајн платформата, во Кичево со закани за бојкот на наставата

Втор ден по ред стотици поплаки поради нефункционирање на платформата на Министерството за образование. Исто како и вчера така и денеска дел од учениците не успеаја ниту да се приклучат на платформата, а наставници се пожалија дека немаат Интернет во училиштата од каде што ќе треба да држат настава на далечина.

Министерката за образование, Мила Царовска порача дека процесот со новата платформа нема да биде воопшто лесен, но поддршката мора да се даде.

„Ќе имаме предизвици и во наредниот период, процесот нема да биде лесен,периодот за подготовка беше краток, но мислам дека имаме основи да кажеме дека училишната година ќе почне организирано и дека ќе имаме пристап до образовен процес кој ќе биде добар и да се надеваме дека согласно со епидемилошката состојба тој ќе биде и динамичен. Наша цел е учебната година да почне организирано. Треба трпение и сите знаеме дека процесот нема да биде лесен. Да ја дадеме поддршката на наставниците кои трпат големи притисоци овие моменти. Оваа платформа ја правиме за наредните 20, 50 години“, истакна Царовска.

Во врска со најавата на Советот на родители на Општина Кичево за бојкот на онлајн наставата, Царовска ги повика сите родители, градоначалници и директори на училиштата да седнат и заеднички да ги надминуваат прашањата. Бојкотот на наставата, рече таа, не носи ништо добро за идните геренации во оваа Општина.

„Децата сакаат да бидат стимулирани, дали со физичко присуство, дали кратко ќе се проклучат на оналајн платформата, дали ќе добијат материјал. Дајте да им овозможиме на децата да бидат стимулирани. Ако не добиле позитивен одговор за физичко присуство, не е дека некој не сакал, туку заради тоа што здравствената и епидемиолошка состојба е ризична во тој момент или заради тоа што има многу деца во мал простор. Да почнат една недела и да имаме заразени? После тоа да нема место во болниците? Тоа не е решение. Да одиме безбедно, чекор по чекор“, рече таа.

Платформата ќе треба да биде на располагање на околу 250 илјади ученици и 26 илјади наставници, а владата даде зелено светло 691 основни и средни училишта да почнат со физичко присуство. Во текот на денешниот ден исто така беше одобрена одлуката за целодневен престој во училиштата, на тие деца што ќе ја посетуваат наставата.

За околу 40 000  ученици кои немаат компјутер , а нема да одат на класична настава, надлежните решение најдоа во 15 минутни часови кои ќе се даваат на МТВ.

 

 

Поврзани вести

Расте бројот на оздравени пациенти, Скопје и Тетово со најголем број заболени од ковид

Операција на вродена срцева мана кај дете со минимална инвазивна техника првпат се изведе во „Аџибадем Систина“

Stefanija Kuzmanovska

Филипче: Досега обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19

Берта Китинска

Царовска: Токму опозицијата бараше предвремени избори, а сега бега од функционален парламент

Пендаровски: Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Собранието е техничко, а не политички прашање (ФОТО)

Влатко Зорба

Филипче: Факт е дека се соочуваме со силен бран на епидемијата