МАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Политичарите ги почитуваат мерките во однос на коронавирусот

Националниот координатор за комуникациски стратегии, Марјан Забрчанец за „Евро фокус“ на „Телма“ ТВ изјави дека политичарите и членовите на Владата ги почитуваат мерките кои се пропишани во врска со епидемијата од коронавирусот.

– Мерките важат за сите граѓани. Вонредната состојба не смее даги дели и неги дели граѓаните по ниеден основ, тука влегуваат и политичарите. Од она што јас го имам како информација, од она што сум го сведочел, политичарите, членовите на владата, вклучително и Заев ги почитуваат мерките. Зборувам за физичкото растојание, мерки за заштита во смисла на редовна дезинфекција во сите објекти во кои што се координираат институциите. Верувам дека и по она што самите медиуми го кажуваат дека и во ТВ куќите е така. Од тука не може да се каже дека не се почитувале мерките. Едно е да се има почести контакти, а друго е тие да се реализирани под одредени стандарди – со физичка дистанца, соодветна заштита, дезинфекција на објектите итн, вели Забрчанец.

Во однос на тоа дали треба почесто да се тестираат членовите на Владата, тој вели дека правилата од епидемиолозите треба да важат за сите и никој не смее да биде привилигиран.

– Вонредна состојба може да значи ограничување на слободи и права,но никако по дискриминаторски основ и никој не смее да биде привилигиран. Здравјето на еден не треба да биде поважно во споредба со друг. Ако влеземе во циклус на секојдневно тестирање, кога нам ќе ни текне, тогаш здравствениот систем тоа нема да може тоа да го издржи, ниту пак ќе се спроведува по приоритетите и согласно она што го утврдиле епидимиолозите, смета тој.

Поврзани вести

Фити: „Рекет“ и нанесе штета на оваа власт, таквите афери треба да се решаваат побрзо

Viktor Jovanov

Жбогар очекува фер избори

Кичевец не ги почитувал мерките за самоизолација, МВР му поднесе кривична

Пендаровски денеска ќе го отвори фестивалот „Игра без маска“

Спасовски: Координацијата оди одлично, навремено бевме подготвени за коронавирусот

Хуманитарна помош со млеко и прехранбени производи од Македонија за Драч

Влатко Зорба