МАКЕДОНИЈА

Заев-Баркбу: Северна Македонија има силен економски контекст за развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министреката за финансии Нина Ангеловска, вечерва се сретна со делегација Меѓународниот монетарен фонд предводена од Берглјот Бјорсон Баркбу, шефицата на мисијата на ММФ за земјава.

На средбата, како што соопштуваат од владата, е заеднички констатирано дека стабилната политичка клима, добрите реформи, зајакнати капацитети на институциите, ефикасна администрација, фискалната стабилност се клучни за развојот на економијата во државава.

Оценето е дека Република Северна Македонија има силен економски контекст за развој. Нотирано е намалувањето на невработеноста. Изразена е согласност дека рационалните политики носат предвидливи резултати.

Премиерот Заев ги објаснил мерките што ги презема Владата за покачување на платите, како што се зголемувањето на минималната плата, што се очекува уште повеќе да ја покачи спиралата на покачувања на платите, субвенционирањето придонеси со цел да се мотивира покачувањето на платите во земјава, мерките за борба против сивата економија, адаптирањето на даночките политики, иницијативите за зголемување на капиталните инвестиции, со цел овозможување мотивирање на економскиот раст.

„Пред нас е важен политички и еконoмски период. Успешните интеграции директно влијаат на поголем интерес на странските инвеститори за вложувања во државата и на охрабрување за инвестирања на домашните мали и средни претпријатија. Како Влада насочени сме кон флексибилчни мерки за сите инвеститори. Ги зајакнуваме административните капацитети за да ја олесниме реализацијата на капитални инвестиции. Преку статегијата за развој на човечкиот капитал и посветеноста за развој на информатичките технологии ги мотивираме младите да живеат и работат во родната земја. Знаеме дека пред нас има уште многу работа, но сите сили ни се насочени кон подобар живот на граѓаните, кон зголемување на животниот стандард и кон економски развој на нашата држава“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со претставниците на ММФ кои се во редовна годишна посета.

Поврзани вести

Момировски: Додека политичките фактори велат дека е во ред да се одржат избори, имаме 5 починати во последните два дена

Без да влезе ниту еден пациент: Мобилната болница се демонтира

Никола Поповски

Чулев: Парламентарните избори имаат големо значење за нашата државата, тие мора да бидат фер, слободни и демократски

Костадинов: За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што денес сме 30 земја членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ

Полицијата пронајде 81 мигрант во Ваксинце

user3

Манчевски: Како Стаменковска-Стојковска ќе знае дали се следат протоколите во МИОА кога не доаѓа на работа?