МАКЕДОНИЈА

Заев- г.г. Стефан: Поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што ја предводеше г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА, придружуван од митрополитите г. Тимотеј и г. Климент.

Делегацијата на МПЦ-ОА, како што информираат од владината прес-служба, на средбата изразија честитки за изборната победа и за новиот мандат на премиерот Заев, со желби за успешна работа во услови на мир на Владата на Северна Македонија и за реализација на програмските определби за кои гласаше мнозинството на народот во земјата.

На средбата, претставниците на Синодот на МПЦ-ОА искажаа благодарност за писмото упатено од премиерот до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија и ја поздравија оваа инцијатива како важна поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

Премиерот Заев на средбата изрази подготвеност да го поттикне ангажирањето на институционалните капацитети за затворање на денационализацијата на имотите што припаѓаат на МПЦ-ОА, како и за конзерваторските проекти за заштита на црковното културно наследство, коишто се и приоритети на Министерството за култура.

На средбата со архиереите на МПЦ-ОА, премиерот Заев уште еднаш упати честитки по повод 1000-годинишнината од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, како еден од најважните црковни настани оваа година.

 

Поврзани вести

Со 80 гласа „за“, изгласан Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески

Почина Ратка Димитрова, пратеничка од првиот парламентарен состав

Берта Китинска

Словенечката полиција поведе истраги за медиумските операции во Словенија и С.Македонија

Берта Китинска

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ прави се државата да не добие датум за преговори со ЕУ

Viktor Jovanov

Битиќи на средба со Македонско-турската стопанска комора: Мерките од четвртиот сет се креираат во координација со сите засегнати страни

Никола Поповски

Османи: Секој треба да си биде на себе полицаец мерките се многу лесни