МАКЕДОНИЈА Политика

Заев: Го разбирам Ахмети зошто мора да оди со таква политика, ги знам среќните околности во неговите очи

„17 години власт е навистина долг период, мора да заминат во опозиција. Сметам дека господинот Ахмети во целиот овој период, ги измешал лончињата“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Ал Сат телевизија.

„Јас секогаш сум бил транспарентен и го разбирам зошто Ахмети мора да оди со таква политика. Треба да знаат дека денес е слобода, граѓаните знаат се. На политичарите кои се враќаат кон национализмот и етничките поделби, отворено им кажувам дека тоа време е завршено минато. Ние сме членка на НАТО и мораме да се европеизираме“, вели Заев на прашање поврзано со кампањата на ДУИ.

На прашањето што ќе каже за вчерашната изјава на Ахмети дека Заев повеќе нема да биде премиер, претседателот на СДСМ соопшти дека тоа е негово мислење.

„Ги знам сите среќни околности во неговите очи кога успеавме да ги постигнеме сите овие договори. Јас ги носев одлуките и јас бев лидерот на коалицијата. Така да ја сфаќам неговата политика во моментов, но истовремено многу го почитувам како политичар и човек“, рече Заев.

Поврзани вести

Китев: Растот на минималната плата на 14.500 денари ќе поттикне раст на сите плати (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Новогодишниот концерт „Слушни!Доаѓа Новата…“ на ансамблот „Јаношка“ во Филхармонија

Спасовски: Со пријателска Црна Гора чекориме по патот како сојузници во НАТО и идни членки на ЕУ

Заев: Време е за европска солидарност, ќе ги задржиме сите работни места

ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на специјална државна комисија против Ковид-19

Берта Китинска

Тлото не престанува да тресе: Почувствуван нов земјотрес

Ангела Веселиновска