МАКЕДОНИЈА Политика

Заев: Јас ќе ја предводам владата во следните 4 години

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партиите, денеска и утре. СДСМ, додаде Заев, договорот ќе го презентира и пред партиите дел од коалицијата „Можеме“ како и пред ДПА, како иден владин партнер.

-Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу владината коалиција. Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавње парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Лидерот на СДСМ рече дека особено им било важно постигнување на брз договор за владина коалиција поради потребата за брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата, а со цел справување со здравствените и со сите други предизвици поврзани со Ковид-19.

Заев претстави дел од принципите на новата Влада, која ќе ја предводи тој во полн четиригодишен мандат.

Поврзани вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин

Николовски: Додека Мисајловски свесно шири лажни вести и манипулира, реалноста е сосема поинаква (ФОТО)

Влатко Зорба

До 13:30 часот до ДИК нема поднесени нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите на изборите

Влатко Зорба

Четири нови случаи со коронавирус во општина Прилеп

Влатко Зорба

СДСМ: Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка

Никола Поповски

Онлајн-настава за студентите од понеделник