МАКЕДОНИЈА

Заев: Ќе направиме измени во Законот за јазици и повторно ќе го пратиме во Венецијанската комисија

Законот за јазици ќе биде ревидиран, најави премиерот Зоран Заев откако вчера венецијанската комисија го достави мислењето. Тој додаде дека Министерството за правда ќе подготви измени и ќе ги достави до Собранието.

Овие измени, вели премиерот, ќе бидат во согласност со забелешките на венецијанската комисија која вчера достави мислење дека Законот треба да се преиспита.

„Jазиците се за да се разбереме, ние донесовме законско решение, но уште во тој момент, уште кога дебатиравме во самиот Парламент и со неговото донесување рековме ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме, затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија. Министерството за правда ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе ги испратиме, за да каже Венецијанската комисија дали е тоа тоа, за да може навистина соработката да ја потврдиме и ќе го пуштиме во Парламентот за да го констатира“, рече Заев

Тој истакна дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуација кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права.

 

Поврзани вести

Пендаровски и Макрон вечерва на заедничка маса за глобалните предизвици

Влатко Зорба

(ВИДЕО) Филипче во „Еден на еден“: Првата фаза од коронавирусот помина, поискусни сме за втората

Ковид-19 по општини: Чаир со 235 активни случаи, по него Гази Баба и Бутел

МВР не реагира: Полицискиот час во некои населби не се почитува

ВМРО-ДПМНЕ: Поплавен речиси целиот систем во РЕК Битола, а Ковачевски ја обвинува опозицијата

Никола Поповски

Коронавирусот забрзано се шири во овие седум македонски градови

Берта Китинска