МАКЕДОНИЈА Политика

Заев-Лајчак: Поддршка за напорите на С. Македонија во процесот на европските перспективи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, вечерва имаше онлајн средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Северна Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности.

Премиерот Заев се заблагодари за охрабрувањето кое што е секогаш добредојдено и важно, посебно кога се работи за реализацијата на клучните стратешки државни цели.

„Продолжуваме да работиме активно на европската агенда, на негувањето на добрососедските односи, на економскиот развој на државата, посветени сме на заштитата на јавното здравје. Нашите искрени политики на дијалог ги покажуваат европските вредности што ги застапуваме и веруваме дека тие ќе овозможат натамошен развој на земјата“, рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека концептот „Едно општество за сите“ во нашата држава успешно се развива и дека е добар пример, како – ако се има политичка волја и чувство за потребите на граѓаните, можни се решенија што овозможуваат перспективи.

Поврзани вести

Петковски за повикот на Ахмети во Хаг: И Шешељ го викнаа како сведок па остана како обвинет

Состанок на највисокото раководство на МВР со началниците на секторите за внатрешни работи

Сугарески: Нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Влатко Зорба

Коневски: Мицкоски зошто не си одиш достоинствено?

Александар Петровски

СДСМ: Мицкоски од кај бегалецот Груевски се врати со листа која нуди обнова на режим

Влатко Зорба

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба