МАКЕДОНИЈА Политика

Заев: Лошо се изразив во разговорот од 2016, секој ден градам пријателски односи со коалициските партнери

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на својот Фејсбук профил по повод денешната објавена снимка, во која се слушна неговото мислење дека „шарените“ нема да прават партија и дека ако дојдат во коалиција со СДСМ ќе „настрадаат“.

Заев напиша дека лошо се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали.

„Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува“, соопшти Заев.

Сепак ништо од денес објавеното не повлекува криминална одговорност, дури и во изминатите четири до пет години јавноста не познава случај дека Заев се одмаздил некому или му сторил нешто, само затоа што му пристапил на СДСМ или на коалицијата.

Веќе се јавија и двајца од неговите коалициски партии, Љубе Бошкоски (Обединети за Македонија) и Горан Мисовски (НСДП), кои велат дека соработката во изминативе години е одлична.

Поврзани вести

Попоски: Да се воведе еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Видео: Скопјанката која се излечи од коронавирусот од дома пее за сите медицински лица и пациенти

Берта Китинска

Комисија за заразни болести: Нема простор за паника од корона вирусот

Влатко Зорба

Шукова: Ги зајакнуваме инспекторатите за животна средина

Viktor Jovanov

Пуштено во употреба ново рекреативно детско катче во дворот на ПОУ „д-р Златан Сремец“

Чулев: Истрагите во МВР ќе одговорат за сомневањата дали високи раководни структури имале блиски релации со криминални групи

Берта Китинска