МАКЕДОНИЈА

Заев, Мицкоски и Ахмети ќе разговараат за техничката влада

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во сабота ќе одржат одвоени средби. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев ќе се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 17 часот во владината зграда. По средбата со Заев, Мицкоски ќе замине на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, која ќе се одржи во 19:30 часот, на засега непозната локација, а информацијата за двете средби ја потврдуваат од опозициската партија.

На средбите ќе се разговара за техничката влада која треба да започне да функционира на 3 јануари, како и кадровските решенија кои ќе ја предводат владата, а во која треба да седне технички премиер од СДСМ и двајца технички министри од опозицијата.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го блокира парламентот, веројатно е тој да не даде оставка на 3 јануари, со што нема да почне да функционира техничката Влада, па така ќе се одложат изборите кои треба да се одржат на 12 април.

Поврзани вести

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ во Кинотека

Влатко Зорба

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Дескоска: Побаравме сите кои не поднесоа, да достават амандмани до утре до 12 часот

Нова апаратура на Клиниката за очни болести

Уапсено лицето кое пукаше кон полицаец пред црквата „Св.Спас“ во Велес

Teпачка во салата во која се презентира ДУП-от кој го спорат жителите на Трнодол

Влатко Зорба