МАКЕДОНИЈА

Заев: Независноста која беше мечта на многу генерации, ја славиме слободни и отворени кон светот

Пред Владата утрово почна централното чествување по повод Денот на независноста, 8 Септември. Премиерот Зоран Заев во обраќањето пред бројните гости, претставници на државниот врв, дипломатскиот кор и медиумите, истакна дека стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја.

Денес, потенцира Заев, независноста која беше мечта на многу генерации, ја славиме слободни и отворени кон светот.

– Денот на независноста, 8 Септември 1991 година, ќе остане запамтен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет. Важни стратешки патокази на тој пат беа НАТО и Европската унија. Денес Република Северна Македонија е 30-та полноправна членка на Северноатлантската алијанса, како и земја која е на пат за членство во ЕУ, подвлече премиерот.

Осврнувајќи се на изминатиот, како што рече, турбулентен период, но и на претстојните предизвици, приоритети и определби, Заев најави дека земјава ќе продолжи по патот што веќе го трасираше – граѓанска држава, слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници, општество за сите со европска иднина.

Борбата за правда, напомена Заев, ќе биде врвна заложба.

– Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Новата Влада влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Тоа ќе биде најважната приказна. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон, порача премиерот Заев.

Поврзани вести

САД со помош од 1,1 милион долари за С. Македонија за борбата со КОВИД-19

Влатко Зорба

Комисијата едногласно го помина договорот за НАТО без интервенциите што ги бараше Милошоски

Александар Тодески

Почнува санацијата на главниот цевковод на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Влатко Зорба

Министерството за одбрана е најтранспарентна државна институција

Средба на Села со евроамбасадорот Жбогар и амбасадорите на Франција и Германија

Охридски газда ги однел сите 140 вработени на платен одмор во Турција!

Александар Петровски