МАКЕДОНИЈА

Заев: Низ сплотеност и хармонија да продолжиме уште пофокусирано кон достоинствено општество на среќни луѓе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, во чест на големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божик, во името на партијата и во негово име  упати честитка до г.г. Стефан, архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат овие празнични денови.

-Раѓањето Христово, што со векови симболично го одбележуваме секоја нова година, е силна порака дека секој од нас лично, како верник, како човек, како дел од општестeството, ја има можноста да го послуша гласот на совеста, да се надрасне себеси и уште поопределено и понасочено да дејствува кон доброто, за себе, за децата и родителите, за семејството, но и за доброто на заедницата и на државата во коишто живее, работи, твори, учи, дејствува, се наведува во честитката.

Христовото раѓање, стои во честитката, потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек, да стои искрено и храбро на страната на вистината и правдата, да ги негува и практикува вредностите на солидарност, на подадена рака едни кон други, на меѓусебна почит, разбирање, мудрост, трпение, љубов. 

-Затоа, овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост. Низ сплотеност и хармонија, како што упатуваат христијанските вредности, кои се и универзални вредности, да продолжиме уште пофокусирано по патот по којшто придонесуваме кон достоинствено општество на спокојни и среќни луѓе. Христос се роди! Среќни празнични денови на сите“, стои во честитката од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Поврзани вести

Граѓаните на Штип кои користеле превоз до конфекцијата со заразени лица задолжително да останат во самоизолација

Конгресот на ДУИ ќе се одржи на 21-ви декември во Скопје

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: По пропаѓањето на Еуростандард Банка само 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки

Никола Поповски

Постепено ќе ги враќаме учениците во училишните клупи, вели Царовска

Берта Китинска

(ВИДЕО) Филипче во „Еден на еден“: Првата фаза од коронавирусот помина, поискусни сме за втората

Кафулињата ќе работат до 22 часот: Нема да се организираат прослави и ќе има ограничен број луѓе на маса

Берта Китинска