МАКЕДОНИЈА Политика

Заев очекува неделава да биде доделен мандатот за формирање Влада: Нови избори не ни требаат

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев очекува неделава да биде доделен мандатот за формирање Влада и потенцира дека таа треба да се формира и да носи решенија за одговор на предизвиците.  Нови избори, како што вели, не се решение затоа што ќе се повтореле резултатите. На денешните разговори со Ахмети имале напредок во аргументацијата на ставовите на двете партии.

„Роковите веќе течат за доделување на мандатот  Според претседателот на Собранието тој мисли дека прво треба да се избере  претседател на собрание, па кпосле течат роковите, но штом претседателот на државата  мисли дека течат роковите  тоа значи дека оваа недела го очекуваме и мандатот  да биде доделен.  Денеска имаме напредок во делокруигот на аргументацијата за ставовите за двете партии .Се работи за програма, се работи  за наратив, се работи  цела филозофија на одговорност  и чест на владеења. Разговаравме за големите успеси коишто се  постигнати, но секако  и одговорноста која што ја имаме после овие успеси. Очекуваме период многу лагоден, но и неповторлив и за граѓаните  и за државата за да може да ги максимилизираме ефектите  за сите“, рече Заев.

Среќен сум, посочи, што наративот на коалицискиот договор  е стокмен и отприлика вредностите се важни  затоа што на крајот имињата политичарите  сето тоа е минливо и минливо, но  филозофијата на идното четиригодишно  преземање на чест и одговорност е токму во наративот и  одговорностите.

Верува дека нема да губат многу време во распределбата на ресорите, посочувајќи на потребата од брзи решенија на Владата  за справување со сите актуелни  предизвици, поради што посочува и дека се водат длабински разговори.

„Отприлика знаеме кој каде е подготвен  да земе одговорност, но сето тоа ќе значи взаемно и  компарација и со кадрите за коишто ќе се разговара, но дефинитивно имаме уште многу да работиме  во следните денвои. Се надевам дека тоа ќе биде час поскоро  или ден порано за да  можеме тоа да го обелодениме, им требаме на здравството, на образованието, гледате се носат одлуки секој ден, тука сме, јас и СДСМ и ахмети, со ДУИ имаме заедничка влада,  заедно со сите партнери, ги мериме одлуките правиме компарација  што се случува во Германија, што во Словенија,  за сите овие предизвици коишто се пред нас. Знам дека има потреба и од брзи решенија на  Владата како што се последиците од дождот како што е Зелениково и другите населени места , се постапува веднаш токму по овие работи“,  рече Заев.

Има, дополни, многу суштини, многу детали за коишто е вредно да се разговара.

„Таман работа да останеме без влада не ни треба.  Нови избори не ги решаваат работите. Ќе  ги повториме резултатите. Влада треба да се формира. Треба да се формира влада секако таму каде што ќе се најдат  решенијата за формирање  на влада. Нашиот став, а фала богу и на другите партии со коишто разговараме е дека сега нема причина  да се размислува за предвремени избори. НАТО е завршена работа одлука започната за преговорите имаме , меѓувладина конференција се закажува  почеток на отворање на поглавјата, ќе треба да работиме а и да оставиме  предвидливост и за економијата, за граѓаните  и за сите“, изјави Заев.

Поврзани вести

Самарас: Мора да ја заштитиме Грција од негативните последици од Преспанскиот договор

Ивана Рамаданова

Итна Помош од Куманово апелира граѓаните да не ја злоупотребуваат службата за посета на хронично болни пациенти кои не се во животозагрозувачка состојба

Влатко Зорба

Спасовски: Очекувам дека ќе имаме парламентарно мнозинство кое ќе го поддржи новиот Закон за ЈО

Вељаноски за „Монструм“: Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно

Берта Китинска

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Филипче: На Инфективната клиника четворица се во критична состојба, досега се направени 3518 тестови

Никола Поповски