МАКЕДОНИЈА Политика Регион СВЕТ

Заев: Ова е нов Балкан, Балкан на 21 век

Четворицата лидери  на земјите учеснички  и на оваа средба го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите шест земји во регионот.

-Секоја земја во овој процес има прогресивна придобивка и во наредната година ќе имаме 1,2 милиарди евра за да ги реализираме договорите. Овие фондови не се кредити, туку се грантови, порача домаќинот на состанок Рама.

Тој на третата средба на Балканскиот Шенген им се обрати на косовските лидери за одбивањето да седнат на маса на оваа иницијатива, со оценка дека одлуката за невклучување во иницијативата ќе му наштети на Косово.

-Ова повторувачко одбивање на косовските власти да учествуват на оваа маса е несфатливо и штетно за самото Косово, рече Рама и посочи дека раните од минатото не се лекуваат со отров и киселина, туку со лекови.
Албанскиот премиер рече дека оваа иницијатива ќе продолжи и оти договорите ќе се спроведуваат.
-Ако гледаме низ историјата затворањето и одбивањето не донеле добри работи, а особено за новите генерации, рече Рама.
Премиерот Заев истакна дека со оваа иницијатива регионот покажува дека ова е нов Балкан, Балкан на 21 век во којшто седиме и разговараме и сакаме да направиме многу повеќе од тоа што досега сме го правеле.Осврнувајќи се на досега реализираното во рамки на иницијативата Мал Шенген, рече дека  24-часовната соработка којашто ја воспоставивме со Србија веќе  ги дава првите резултати од корист и за граѓаните и транспортерите на границата Табановце-Прешево. Од Охрид до сега за четири седмици, додаде, ги потпишавме договорите за граничниот премин Лојане – Миратовац, што е, рече Заев, придобивка за граѓаните за С.Македонија и Србија, но во конкретниов случај и преку 95 проценти  за Албанците и од Србија и од Северна Македонија.
-Во февруари на состанокот во Белград верувам дека царинските институции на Северна Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One stop shop на граничниот премин Ќафасан, како што тоа веќе функционира меѓу Србија и Северна Македонија. Главна цел на One stop shop, односно гранични контроли со едно застанување е наскоро да станат Non stop shop – односно да нема повеќе застанувања. Секако спроведувањето на безхартиен систем којшто треба да го воспостават царинските испостави  и агенции е цел која што е поставена пред нас, рече Заев.

Поврзани вести

Народен правобранител: Учениците само делумно можеле да следат онлајн настава

Повеќе време за подготовка и луѓе кои се придржуваат кон мерките и помогнаа на Португалија да го сузбие ширењето на Ковид-19

Уапсени три лица во Грција, од кои две осудени за учество во анархистичко-терористички организации

Берта Китинска

Д-р Беќаровски: Ја надминавме бројката на починати од конфликтот во 2001-ва ако тоа не е доволен показател јас не знам што би требало да направиме

САД загрижени од ситуацијата во Белорусија: Изборите не беа фер и слободни

Никола Поповски

Рускоска демантира: Јовановски не даде исказ дека парите ги дал на лице блиско до Заев

Влатко Зорба