МАКЕДОНИЈА

Заев побара да се продолжи вонредната состојба

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев побара да се продолжи вонредната состојба со цел ефикасно справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

-Во ситуација кога Собранието е распуштено, Владата, преку механизмите што ги има на располагање и преку уредби со законска сила ќе може навремено и темелно да реагира, како досега. Ценам дека Владата покажа одговорно однесување во вонредната состојба носејќи мерки и уредби исклучиво во интерес на граѓаните и справување со состојбите. Токму вонредната состојба даде можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, заштита на здравјето и справување со економските последици, напиша Заев на Фејсбук.

Вели дека ова е борба за највредното, човечкиот живот.

Справувањето со коронавирусот, вели Заев, бара сериозна посветеност од институциите, но и од нас како поединци.

-Да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките и задолженијата од надлежните институции и на тој начин секој од нас да придонесе за побрзо надминување на заканата што ја носи коронавирусот, напиша претседателот на СДСМ.

Поврзани вести

Стефанова: Иако не беше судија на претходна постапка, Кацарска беше присутна за притворот на Камчев

Лукаревска: Очекувам доволна излезност на изборите од над 50 проценти

Измените во Изборниот законик за една изборна единица и отворени листи во среда на пленарна седница

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против унапредување на демократијата, затоа на 12 април уште еднаш ќе загубат, велат од СДСМ

Никола Поповски

Љубомир Јовески на традиционална новогодишна средба со јавните обвинители

Шилегов: „Скопје 2014“ не е ниту барок, не е ниту стил во архитектурата