МАКЕДОНИЈА Политика

Заев: Преку проектот Мој ДДВ за три квартали се вратени 10,7 милиони евра кон граѓаните

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вети дека во следниот мандат ќе обезбедат уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард. Тој на прес-конференција потсети дека уште во првите 100 од мандатот ја зголемиле минималната плата, во сите сектори, без да има дискриминирани работници.

„Денес и по сите противења на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесува 14.500 денари. До крајот на новиот мандат ја носиме на 20.000 денари, односно дури за 120 отсто повеќе од минималната плата од 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

Тој најавува дека во следниот мандат просечната платата ќе расте уште повеќе.

„Просечна плата од 34.000 денари е нашата цел до крајот на мандатот и немам сомнеж дека тоа ќе го оствариме“, порача Заев.

Претседателот на СДСМ потсети дека е исправена неправдата кон стечајните работници. Платежните картички за кои рече дека е најсериозната и најраспространета мерка со која за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните. Проектот Мој ДДВ преку кој само за три квартали се вратени 10,7 милиони евра кон граѓаните.

Заев напомена дека граѓаните ја гледаат разликата и затоа, како што кажа тој, на 15 јули на целосно здравствено безбедни избори, на гласање со целосна заштита, граѓаните ќе го изберат концептот на СДСМ да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Поврзани вести

Филипче: Преземаме построги мерки додека имаме малку заразени за да не ни се случи Италија

Пулмологија доби апарат за современа дијагностика на пациенти со астма и ХОББ

Берта Китинска

Солна киселина истекла од цистерна во околината на фабриката МЗТ во Гази Баба

Влатко Зорба

Доктор Ристески: Кога вирусот ќе почне да кружи меѓу луѓе со стекнат имунитет, тогаш веќе полесно се живее

Политико: Противењето на Макрон за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија ги разлути лидерите на ЕУ

Влатко Зорба

Се подготвува прoтокол за влез и излез од државата за отворање на аеродромите и граничните премини

Александар Петровски